Новости

Автомобили

Ова е новата Škoda Superb

Презентацијата на новата Škoda Superb е закажана за денеска во Братислава, но Кинезите се десетина часа пред нас и веќе ја покажаа. Според она што го гледаме, сличноста со досегашната верзија е забележителна, но исто така и имплементирањето на детали од новиот дизајнерски јазик на марката. Димензиите скоро во целост ги има задржано, а што се однесува до техниката податоците тие што се објавени се однесуваат само на Кина.

За таму новиот Superb ќе биде опремен со 1,4 и 2,0 литарски турбо бензински мотори со 150, 186 и 220 коњски сили. Трансмисијата ќе биде по избор 6-степена мануелна или 7-степена со двојна спојка, а други детали не се познати. Сепак, повторуваме, ова се однесува за Кина, додека европската понуда ќе ја дознаеме уште денеска.

 

GOLD
To Top