Новости

Автомобили

Ова се најпосакуваните нови автомобили

И оваа година, во американската студија за посакуваност на новите автомобили, корејскиот премиум е во самиот врвот, но само еден мал чекор зад еден германски бренд.

Од минатогодишниот победник Genesis, подобар е само Porsche (891 поени), додека BMW e на исто ниво и делба на втората позиција со 868 поени.

Според резултатите на студијата APEAL (Automotive Performance, Execution and Layout), која редовно се спроведува од J.D. Power, според оценката на сопствениците, најпосакувана марка по 90 дена сопствеништво е Porsche, и тоа според 90 параметри класифицирани во 10 категории. BMW и Genesis се на второ место, по што следува Audi со нешто помалку поени. Топ 5 ги заокружува Volvo. Луксузните брендови оваа година ја завршиле со просек од 853 поени, две повеќе од минатата година.

Во областа на глемо сериските брендови, најзадоволни се сопствениците на RAM, Dodge и Ford, по што следат Mini и Volkswagen. Просечниот резултат на овие брендови е 818, а севкупниот 823. Важно е дека 22 од 32 брена го подобриле впечатокот кај сопствениците. Најнепосакувани по0 три месеци сопственост се Mitsubishi, Buick и Subaru.

GOLD
To Top