Новости

Автомобили

Одличен старт на продажбата на Tesla Model 3 во Европа

Новиот Model 3 на американскиот бренд Tesla успеа „на гостински терен“ да оствари подобри резултати од Mercedes-Benz, Audi и BMW.

Tesla Model 3 се продаде во 15.755 примероци во Март – и со тоа постигна подобри резултати од директните конкуренти од BMW, Audi и Mercedes-Benz. Според податоци од JATO Dynamics, Model 3 имаше импресивно деби во Европа, а воедно Tesla стана 25-тиот најпродавн бренд во Европа во Март. Model 3 беше најпродаван автомобил во Норвешка, Швајцарија и Холандија. Во Норвешка имаше удел на пазарот од дури 29 проценти.

Како што ќе започне продажбата на повеќе пазари, се очекува бројките дополнително да пораснат – од следниот месец Model 3 ќе се продава и во Обединетото Кралство. Цените на Model 3 во Германија започнуваат од 44.500 евра.

Сепак, не е сè толку розево кај Tesla. Европската продажба на постарите модели на производителот на електрични автомобили е во слободен пад – продажбата на Model S е опадната за цели 72 проценти на само 787 автомобили, додека продажбата на Model X е опадната за 52 проценти на само 874 примероци.

Дополнително, работите малку се сменија во Април. Ако во Март Tesla Model 3 „владееше“ со норвешкиот пазар, најпродаван модел во Април во Норвешка беше Volkswagen Golf, кој исто така се нуди и како електричен автомобил. По сè изгледа дека импресивната продажба во Март всушност беше само првиот грст испораки на веќе-нарачни возила. Пред да започне продажбата на Model 3, Tesla продаваше и по помалку од 200 примероци месечно во Германија и Норвешка.

Tesla во моментов го привршува Model Y – SUV-изведбата на Model 3. Од Tesla очекуваат дека токму Model Y ќе биде најпродаваниот модел кој го нудат. Цените за Model Y ќе започнуваат од 56.000 евра во Германија.

GOLD
To Top