Новости

Автомобили

Поради проблеми со воланот Форд повлече 1,4 милиони возила

Американскиот гигант „Форд“ повлече речиси 1,4 милиони возила поради проблеми со воланот.

Како што пренесуваат американските медиуми, на моделите „Фјужн“, односно „Мондео“ во Европа и на „Линколн МКЗ“ олабавувањето на шрафовите може да предизвика откачување на воланот.

„Форд“ потврди два несреќни случаи предизвикани од споменатиот проблем. Фабриката соопшти дека шрафовите со текот на времето може да се разлабават со што воланот може да се одвои од основата и возачот да изгуби контрола над возилото.

Поголем број од повлечените возила се во САД, а нешто помалку во Канада и во Мексико.

 

Извор: denar.mk

Евротип
SNBROKER
To Top