Новости

Автомобили

Порше казнет со половина милијарда евра поради штетните гасови од дизел возилата

Германскиот производител на спортски автомобили Порше мора да плати парична казна од 535 милиони евра поради дизел возилата кои емитирале повеќе штетни материи од дозволеното, соопшти денеска канцеларијата на државниот обвинител во Штутгарт.

„Канцеларијата на државниот обвинител во Штутгарт изречена казна во износ од 535 милиони евра за Порше поради негрижат за контрола на квалитетот“, објавено е од канцеларијата на државниот обвинител, додавајќи дека Порше нема правно да ја оспорува оваа одлука.

Казната на Порше е најновата во серијата изречени казни на компанијата на Порше, Фолксваген поради скандалот Дизелгејт кој изби откако американските власти утврдија дека софтверот вграден во дизелашите на Фолксваген овозможил фалсификување на податоците за емисијата на штетните гасови.

Фолксваген во 2015 година призна дека нивниот софтвер во 11 милиони автомобили ширум светот овозможил манипулација на податоците со цел на лабораториските тестови да се испуштаат помалку штетни гасови отколку при возење.

По казната на Фолксваген, Ауди и сега Порше веќе нема отворени истраги за „административни прекршоци“ на таа група, изјави портпаролот.

Сè уште се водат судски постапки против поединци, меѓу кои и против поранешниот извршен директор Мартин Винтеркорн.

Истовремено, илјадници инвеститори ја тужат компанијата поради загубите произлезени од падот на цените на нејзините акции по избивањето на скандалот. Стотици илјади возачи исто така бараат отштета од компанијата.

Порше во соопштението наведува дека небрежноста, кои обвинителите ја казнија, е идентификувана во „неколку нивоа под управата“. Трошокот на казната е вклучен во резервите на Фолксваген за ризици од околу милијарда евра во првиот квартал на оваа година, се додава.

Вкупните трошоци на Дизелгејт моментално достигнуваат околу 30 милијарди евра, истакна АФП.

GOLD
To Top