Новости

Автомобили

Потполно различен наследник на моделот „C4“

Францускиот Цитроен планира следната година да лансира заменски модел за „C4“.
Како што поедини медиуми пренесуваат , во компанијата Цитроен подготвиле потполно поинаков автомобил од актуелниот „C4“.

„Ќе биде храбар и модерен модел. Не толку одважен како Цитроен Ами пред 60 години, но сепак ќе биделе интересни на пазарот. Тоа нема да биде ништо класично ниту конзервативно, одлучно го исврливме таквиот пристап кон овој модел“, рече директорот на одделението за стратешки развој на Цитроен Ксавијер Пежо.

Цитроен веројатно сака да се дистанцира од историјата на „C4“ па се определува за иновации.

Се очекува наследникот на моделот „C4“ да биде направен врз компактната платформа под назив „СМР“ која веќе ја користат Пежо 208 и Опел Корса.

GOLD
To Top