Новости

Автомобили

Првиот електричен „сеат“

Автомобилската компанија „Сеат“ објави фотографии и технички детали од својот прв електричен модел „мии електрик“.

За влезот на шпанскиот производител на пазарот на електромобили е одбран моделот „мии“ трансформиран во електрично возило. Тоа воедно значи и крај за неговата верзија со мотор на бензин, чиешто производство запира во јули.

„Мии електрик“ го дели погонскиот систем со електричната „шкода цитиго“. Електромоторот што ќе го придвижува најмалиот автомобил на „Сеат“ има 83 коњски сили (61 киловат) и 212 њутн-метри и е поврзан со едностепен автоматски менувач.

Шпанскиот електромобил развива 50 километри на час за 3,9 секунди. Електричниот агрегат се напојува од литиум-јонски батерии со капацитет од 36,8 киловати на час, коишто со едно полнење овозможуваат 260 километри возење.

„Сеат мии електрик“ однадвор не се разликува многу од верзијата со бензински погон, ако ги занемариме 16-инчните Козмо греј фелни.

Првиот шпански електромобил ќе се појави на пазарот на почетокот на наредната 2020 година, а цената ќе биде една од најпристапните во Европа, велат од „Сеат“.

Погоните зa производство се во Братислава, Словачка, а возилата на производната лента ќе бидат пуштени во четвртото тримесечје од оваа 2019 година

GOLD
To Top