Новости

Автомобили

Првите фотографии од BMW М5 во очекување на премиерата (фото)

 

Благодарение на фотографиите кои пред најавената „онлајн“ премиера се појавија на интернет, имаме прилика да видиме како ќе изгледа најновиот М5.

Дизајнот на надворешноста е очекуван и во голема мера се потпира на постоечката лимузина на Серијата 5, со нови браници и аеродинамички додатоци на автомобилот.

Веќе на прв поглед, М5 се разликува од регуларната „петка“ по предниот браник кој има значително поагресивен изглед со големите отвори за циркулација на воздухот.

Точните спецификации на новото BMW M5 ќе бидат непознати уште неколку часа, до официјалната премиера, но баварскиот производител, порано оваа година, најави дека под хаубата ќе се најде 4,4 V8 twin-turbo кои произведува 600 коњски сили и околу 700 Nm.

Моторот е поврзан со 8-брзински M Steptronic автоматик, силата се испраќа на сите четири тркала, со опција да се пренасочи на две тркала, по желба на возачот, а возилото од 0 до 100км/ч стигнува за помалку од 3,5 секунди.

Повеќе детали за новото BMW M5 очекуваме наскоро.

Извор: denar.mk

Евротип
SNBROKER
To Top