Новости

Автомобили

Рено го претстави новото Твинго

Првата посериозна измена Твинго ја доживеа 2014 во третата верзија , а сега доби целосно нов изглед и опрема. Надворешниот дизајн сепак претрпе овојпат најмали промени.

Додадени се детали како интересни ЛЕД светла во облик на буквата С , како и малку редизјанирана предна маска и браници. Новиот Твинго за 10 мм е понизок од претходникот , а има и поголеми отвори за ладење на моторот.

Моторот и натаму е позади , како и погонот. Новина е SCe75 1.0 атмосферски троцилиндричен со 75 Кс и 95Нм , а се нуди и нов ЕДЦ менувач.

Во внатрешноста Твинго доби нова централна конзола со прилагодливи држачи и УСБ приклучоци. Од Рено велат дека можностите за индивидуализација на новото возило се речиси бескрајни.

GOLD
To Top