Новости

Автомобили

Светска премиера на Audi RS5 Sportback (фото+видео)

„Audi“ ја покажа новата генерација на „RS5 Sportback“ на саемот во Њујорк. Продажбата на автомобилот во Европа ќе стартува до крајот на годината, а како главни конкуренти на моделот се водат „BMW M3“ и „M4“, како и „Mercedes-AMG C63“.

Спортскиот модел е опремен со 2,9-литарски бензински мотор V6 кој развива моќност од 450 КС. Моторот работи во комбинација со 8-брзински „Tiptronic“ автоматски менувач. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае под 4 секунди, а максималната брзина е 249 км/ч.

Автомобилот е со малку поагресивен изглед од истоименото купе, прикажано минатата година. Тој добил поголеми отвори за воздух, масивни браници, индикациската оптика, ретровизори од карбон, спојлер, 19-инчни бандажи и спортски издувен систем.

Тежината на „Audi RS5 Sportback“  е 1.840 килограми, а машината е опремена со систем за погон на сите четири тркала, надградени амортизери и спортско адаптивна суспензија. Волуменот на багажникот е 480 литри (1.300 литри при навалување на задни седишта).

Во основната опрема на моделот влегуваат трозонска климатизација, електрично управување на вратата на багажникот, спортски седишта и мултимедијален комплекс со 7-инчен дисплеј. Кабината на „RS5 Sportback“ е направен од кожа.

Извор: denar.mk

GOLD
To Top