Новости

Автомобили

Светска премиера: Mercedes GLE за 2019 година

Mercedes ја претстави четвртата генерација на моделот SUV GLE воочи претстојниот саем на автомобили во Париз, на кој овој модел ќе биде изложен пред публиката.

После тизерот и шпионските фотографии, сега конечно имаме можност да го видиме новиот GLE во полн сјај.

Четвртата генерација на средниот SUV на Mercedes, е унапредена кога станува збор за моторизацијата, но опремена е и со најсовремените технолошки решенија.

Автомобилот и покрај тоа што по својот стил потсетува на најновата генерација на моделите на овој германски произведувач, тој успеа да го задржи конзервативниот дизајн, кој потрошувачите на GLE го очекуваат од едно вакво возило.

Mercedes се пофали дека ги унапредиле аеродинамичките каратеристики и дека коефициентот за отпор на воздух на автомобилот е намален од 0,32 (колку што изнесуваше во минатата генерација), на 0,29.

Кога станува збор за внатрешноста, Mercedes продолжи да го форсира својот нов MBUX мултимедијален систем, кој се состои од панели со два големи дигитални екрани (еден наместо класичните аналогни инструмент табли и втор кој ги обединува функциите на мултимедијата и другите команди).

Mercedes GLE за 2019 година во почетокот ќе биде достапен само со шестцилиндарски 3.0 литарски бензин мотор, кој ќе располага со 367 коњски сили.

Брзините ќе можат да се менуваат со помош на автоматски менувач со девет брзини.

Овој автомобил се очекува да дебитира кон почетокот на октомври на автомобилскиот саем во Париз, а во продажните салони ќе пристигне во првите месеци од следната година, кога ќе биде позната и неговата цена.

GOLD
To Top