Новости

Автомобили

Се спојуваат Фијат и Рено за да нема отпуштени работници

Францускиот министер за финансии , Бруно Ле Мер денеска побара сите локални фабрики да продолжат со работата како дел од спојувањето на италијанско-американскиот Фијат Крајслер и францускиот Рено.

Француската влада е сопственик на 15% од уделот во Рено и ја поддржува идејата за спојување , зашто со тоа новата компанија станува трета по големина во светот на автомобилската индустрија.

Ле Мер потврди дека Владата нема да го зголеми уделот во Рено , што значи дека по спојувањето на двете компании , добива 7,5 % во новата.

Министерот од претседателот на компанијата Рено, Жан-Доминик Сенард побара гаранција за работните места на вработените во погоните во Франција , како и ветување дека ниедна фабрика нема да биде затворена.

,,Тоа е прва гаранција што ја побарав од Сенард од почетокот на преговорите со Фијат.” , изјави министерот.

GOLD
To Top