Новости

Автомобили

ТОП 10: Најбарани автомобилски марки во ЕУ во 2018 година

Погледнете ја ТОП 10 листата на најпродаваните автомобилски марки во 28 земји на ЕУ и 3 земји на EFTA.

Volkswagen убедливо ја држи првата позиција со 1.746.674 продадени возила во 31 европска земја, со пазарен удел од 11.2%, објави focus2move.com.

Renault, на позицијата број 2, во 2018 година на европските купувачи им испорача 1.097.286 возила, што сочинува 7% од пазарот на нови автомобили, додека третиот Ford продаде 1.013.938 единици (6,5% од пазарот).

Интересен е и фактот што помеѓу 10-те најбарани авто брендови во Европа се наоѓа само еден јапонски – Toyota на десетата позиција.

Погледнете ја ТОП 10 листата на најпродаваните автомобилски марки, со напомена дека податоците се однесуваат на 28 земји членки на ЕУ и 3 земји членки на EFTA – Норвешка, Исланд и Швајцарија:

ПОЗИЦИЈА БРЕНД БР. НА ВОЗИЛА ВО 2018 ПАЗАРНО УЧЕСТВО ВО 2019 

1. Volkswagen 1.746.674 11,2%
2. Renault 1.097.286 7%
3. Ford 1.013.938 6,5%
4. Peugeot 971.002 6,2%
5. Opel 882.359 5,7%
6. Mercedes 879.895 5,6%
7. BMW 811.041 5,2%
8. Audi 724.345 4,6%
9. Škoda 724.177 4,6%
10. Toyota 710.163 4,6%

Позициите од 11 до 20 место ги заземаа FIAT, Citroen, Hyundai, Dacia, Kia, Nissan, Seat, Volvo, Suzuki и Mazda.

GOLD
To Top