Новости

Автомобили

Уапсен директорот на Renault, Nissan и Mitsubishi Карлос Гон

Нов скандал ја затресе автомобилската индустрија – челниот човек на групација Renault-Nissan Карлос Гон беше уапсен од страна на јапонските власти заради проневера на дури 44 милиони евра. Тој веќе со месеци бил под интерна истрага на Nissan, која резултираше со негово испраќање зад решетки. Покрај обвиненијата, Јапонците на негова адреса ќе му испорачаат и отказно решение од директорската позиција на Nissan бидејќи истрагата покажала дека тој освен што со години прикажувал помали примања од вистинските, ги трошел и парите на компанијата за приватни потреби. Веднаш после објавувањето на оваа вест, акциите на Renault доживеаја остра корекција нанадолу за 10, а на Nissan за 8,7 отсто.

Инаку, според договорите што ги има Карлос Гон годишно заработува 17 милиони долари – 8,5 милиони од Renault, 6,5 милиони од Nissan и 2 милиони од Mitsubishi.

GOLD
To Top