Новости

Автомобили

ФОТО: БМВ го претстави Х3 и Х4 изданието со над 500 коњски сили

Според најавите , БМВ ги претстави новите изданија на моделите X3 и X4 во М одделот.

Новите засилени спортски СУВ возила имаат мотори и тоа 3.0 шестцилиндрични твин турбо со максимални 480 Кс и 600 Нм . Доаѓа во комбинација со осум степен менувач и погон на сите тркала.

Од 0-100 км/час достигнува за 4,2 секунди со максимална брзина од 280км/час.

Но , тоа не е се. Доколку оваа сила не е доволна , тогаш може да се види и Competition изведбата. Тогаш станува збор за 510 Кс и 600Нм , што носи дополнителни 4км/час при максималната брзина и една десетинка секунда поголемо забрзување.

Моделите добиваат црна маска и уште поагресивна предница. Дополнително се нудат и карбонски делови, иако богатата опрема и внатрешноста тешко да имаат слаба точка.

Новите модели се збогатени и со спортски седишта и Harmon Kardon  аудиосистем.

Моделите на патиштата ќе се појават во септември со почетни цени од 84 900 евра , односно 87 100 во Германија. За опцијата Competition се доплатуваат уште 8 500 евра.

GOLD
To Top