Новости

Автомобили

„Форд“ најавува селидба од Велика Британија, 13.000 луѓе без работа?

„Форд“ ја известил британската премиерка Тереза Меј дека, поради Брегзит, можеби ќе мора да премести дел од производството од Велика Британија. Компанијата и’ соопштила дека можеби ќе мора да користи алтернативни локации надвор од Британија, рекол извор на Ројтерс кој сака да остане анонимен.

– Само јасно ставија до знаење дека имаат и други опции – рекол изворот.

„Тајмс“ уште претходно соопшти дека „Форд“ и’ соопштил на британската премиерка оти ги забрзува подготовките за преместување на производството од Велика Британија.

„Форд“ е најпродаван автомобилски бренд во Велика Британија, која е и негов трет по големина пазар и дестинација за отприлика еден од три автомобили произведени во фабриката на „Форд“ во германски Келн. Компанијата во Обединетото Кралство вработува 13.000 луѓе.

GOLD
To Top