Новости

Автомобили

Форд ќе отпушти 7.000 работници

Американската компанија за производство на автомобили Форд објави дека ќе отпушти 7.000 работници од непроизводниот сектор. Компанијата соопшти дека планира огромно реструктуирање и од август ќе отпушти илјадници работници. Со планираното разрешување на административните работници се проценува дека ќе се заштеди околу 600 милиони годишно. Околу 500 работници ќе бидат отпуштени оваа недела, додека околу 1.500 се веќе без работа.

Во соопштението за вработените, извршниот директор Џим Хакет наведува дека новиот бран на реструктуирање ќе започне утре, а големите отпуштања ќе бидат завршени до 24-ти мај.

“Со цел да успееме во нашата конкурентна индустрија и позиција, треба да ја намалиме бирократијата, да ги зајакнеме менаџерите, да го забрзаме донесувањето одлуки, да се фокусираме на највредните работи и да ги намалат трошоците”, напиша директорот на автомобилската компанија Форд.

GOLD
To Top