Електричната Шкода Citigo-e iV, што беше претставена пред два дена има електромотор со сила од 83 Кс и 210 Нм, додека батериите се со капацитет од 36,8 kWh.

Со овие батерии Ситиго може да вози 265 километри со едно полнење. Батериите се сместени во подниците и се полнат до 80% за еден час. Но доколку се полни дома, тогаш се потребни 12 часа и 37 минути.

Во секој случај за брзо полнење се доплатува за ССЅ приклучок. Кабината е целосно опремена , додека улогата на инфотенментот му е препуштена на смартфонот на возачот.

Електричната Шкода достигнува максимални 130км/час , а од 0-100 км стигнува за 12,5 секунди.