Новости

Автомобили

ВИДЕО: Citroen го објави првиот тизер за новиот модел – ќе биде најголем во понудата

Уште минатиот месец францускиот производител Citroen соопшти дека на 12 април ќе ја одржи светската премиера на својот најнов модел. “Ќе биде многу различен. Многу удобен. Тоа е навистина сјаен автомобил” изјави минатиот месец Лоренс Хансен, стратегиски директор на Citroen.

Во пресрет на премиерата, францускиот производител го објави првиот тизер за новиот модел кој најверојатно ќе ја има назнаката C5 или C6 што значи дека ќе биде и димензионално најголем во понудата на овој производител.

Од краткото видео може да се утврди дека овој модел ја следи во целост актуелната дизајнерска филозофија на Citroen која е применета и кај моделот C4. Се темели на EMP2 платформата која е развиена од страна на PSA Групацијата, а се користи кај моделот Peugeot 508. Оттука се очекува должината на овој модел да биде околу 4,7 метри.

Повеќе технички карактеристики ќе бидат познати за време на премиерата, а се очеквува во производство да се појави кон крајот на оваа година.

GOLD
To Top