Новости

Автомобили

Киа повлекува 295.000 автомобили поради ризик од пожар

Киа ќе отповика речиси 295.000 возила во САД, затоа што нивните мотори можат да престанат да работат или дури да се запалат.\

Повлекувањето доаѓа на само една недела откако американската влада парично го казни тој корејски произведувач, нои Хјундаи, поради ново одлагање на отповикувањето, пренесе „АП“.

На вонреден сервис ќе бидат повикани одредени примероци од моделот „Sorento“ од 2012 и 2013, потоа „Forte“ и „Forte Koup“ произведени помеѓу 2012 и 2015 година, какои хибридните верзии од моделот „Optima“ произведени од 2011 до 2013 година.

Ќе се повелечат и примероци од моделот „Soul“ произведени 2014 и 2015 и „Sportage“ од 2012 година.

Киа навела во документите кои ги објавила американската влада дека не е пронајдена производна грешка кај автомобилите, но дека ги повлекува автомобилите за да се намали ризикот од избивање пожар.

Евротип
SNBROKER
To Top