Новости

Автомобили

Новиот најскапиот автомобил во светот: 142 милиони долари

Доколку гласините се покажат точни, тоа ќе значи дека овој Мерцедес е продаден по три пати повисока цена од претходниот рекордер.

Станува збор за Silver Arrow 300 SLR Uhlenhaut Coupe, а цената што ја постигна наводно е неверојатни 142 милиони долари, пишува Index.hr.

Веста ја објави Hagerty повикувајќи се на повеќе извори, а од Мерцедес се уште нема потврда. Автомобилот наводно бил продаден на приватна аукција за најмногу десетина избрани колекционери, која се одржала на 6 мај во музејот на Мерцедес во Штутгарт.

И навистина, на веб-страницата на музејот има известување дека е затворен за јавноста до 15 мај. Доколку веста се покаже како вистинита, голема е веројатноста дека новиот сопственик ќе остане анонимен.

Да потсетиме, најскап автомобил досега беше Ferrari 250 GTO од 1962 година, кој во 2018 година достигна цена од 48.405.000 американски долари. После тоа се проширија гласини дека уште една копија од овој модел е продадена за дури 70 милиони американски долари.

Во топ 10-те најскапи автомобили во историјата се сите Ferrari со исклучок на два автомобили, Mercedes W196 од 1954 година и Aston Martin DBR1 Roadster, од кои и двата постигнаа повеќе од 20 милиони долари.

Кога станува збор за Silver Arrow, тоа е тркачки автомобил кој е произведен во само два примерока. Конкретниот примерок последен пат беше виден во јавноста пред десетина години на фестивалот на брзина во Goodwood, кога го претставија Сер Џеки Стјуарт и Мика Хакинен.

Евротип
SNBROKER
To Top