Новости

Автомобили

Прогласени се најубавите автомобили на годината

Веќе 37 години, автомобилскиот интернационален фестивал ги прогласува најубавите автомобили на годината, а 12-членото жири го сочинуваат влијателни луѓе од различни области – автомобили, медиуми, архитектура и накит. Жирито оваа година, во Париз ги објавија победниците за 2021 година.

Доделени се повеќе награди, а новитет за оваа година е што најубавиот автомобил на годината беше избран директно од публиката. Од 2 декември 2021 до 16 јануари 2022 година, ентузијастите на автомобили гласаа онлајн за својот омилен концепт автомобил и истиот го избраа од десетте понудени кандидати.

Убедливата победа со повеќе од 70% од гласовите му припадна на Renault 5 Prototype благодарение на неговиот нео-футуристички дизајн инспириран од ретро мотиви. Станува збор за концепт кој има за цел да го претстави идниот прифатлив електричен автомобил на француската компанија. Renault 5 ќе добие сериска верзија во текот на 2024 година, а се очекува да чини околу 22.000 евра.


За најубав автомобил на годината е прогласен уште еден француски модел, Citroen DS4. Кандидатите за оваа титула имаат цена помала од 60.000 евра, а единствен критериум при изборот е естетиката.

Титулата најубав суперавтомобил на годината му беше доделена на Ferrari Daytona SP3, а за оваа награда конкурираа новите модели на пазарот, без разлика дали се работи за специјални изданија или модели од масовно производство, а критериумот е да имаат цена повисока од 60.000 евра.

Покрај тоа, прогласен е и најубавиот хиперавтомобил на годината, а победи и уште еден француски автомобил. Станува збор за модел на Peugeot 9X8, кој покажа спортски дизајн и извонредни перформанси.

Нема да коментираме за стручноста на жирито и за преферирањето на француските автомобили, но прилично сме сигурни дека минатата година имаше поубави автомобили од моделот DS4.

Евротип
SNBROKER
To Top