Новости

Автомобили

Спортско срце и преден погон: Дебитираше „BMW 128ti“

Гигантот од Баварија го претстави новиот „hot hatch“ кој е во рангот на „Golf GTI“.

„BMW 128ti“ во гамата на новата „Serieѕ 1“ ќе го заземе местото под моделот со високипреформанси „M135i xDrive“.

За разлика од „M135i xDrive“, моделот „128ti“ има 40-тина „коња“ помалку, но и погон само на предните тркала, што не ги воодушеви тврдокорните љубители на „BMW“.

Сепак, овој автомобил наследи нешто од традицијата на баварскиот производител, а тоа е ознаката „ti“ (Turismo Internazionale) која претходно ја користеа модели на „BMW“(„1800 TI“, „2002 TI“, „323ti Compact“ и „325ti“).

Под хаубата се наоѓа 4-цилиндарски 2.0-литарски турбо-бензинец кој произведува 265 KS (195 kW) и 400 Nm. Поврзан е со 8-брзински „Steptronic Sport“ автоматски менувач, кој му обезбедува на автомобилот од мирување до „стотка“ да стигне за 5,1 секунди.

„BMW128ti“ има и други спортски адути, вклучувајќи ги „M Sport“ суспензијата, а поради изостанувањето на „xDrive“ погонот тој е полесен од „M135i“ зa 80 kg.

Тука се и „M Sport“ сопирачките, додека автомобилот стандардно има монтирани „Michelin Pilot Sport 4“ гуми со алуминимуски бандажи од 18 инчи.

„BMW128ti“ од обичната верзија на „Serieѕ 1“ ќе се разликува и по специјалните стилски додатоци на каросеријата и црвени детали кои го дополнуваат спортскиот имиџ на овој автомобил, а сличен рецепт е применет и во внатрешноста на возилото.

Автомобилот во продажните салони ќе пристигне во ноември, а во Германија ќе чини од 41.574 eвра.

 

GOLD
To Top