Новости

Автомобили

Тесла: Продадени рекордни 240.000 возила

Американскиот произведувач ги објави резултатите од продажба за третиот квартал од 2021.

Тесла соопшти дека од периодот од јули до септември низ светот биле испорачани 241.300 автомобили „Model Y“, „Model 3“, „Model S“ и „Model X“, со што ги надминале очекувањата.

Имено, компанијата планирала во тој период да продаде помеѓу 222.000 и 233.500 возила, пишува „Inside EV“.

Најновите резултати за продажба претставуваат и нов квартален рекорд, претходниот изнесуваше 201.250 автомобили и постигнат е во второто тримесечје од оваа година.

Убедливо најпродавани во третиот квартал биле „Model 3/Y“ со вкупно 232.025 примероци, додека истовремено се испорачани само 9.275 единици „Model S“ и „Model X“.

Кога станува збор за производството, во периодот од јули до септември од фабричката лента излегле 237.823 автомобили марка Тесла од тоа 228.882 „Model 3/Y“ а 8.941 примероци „Model S/X“.

Евротип
SNBROKER
To Top