Новости

Автомобили

Фолксваген забележа скок од 28 проценти на оперативната добивка

Оперативната добивка на Фолксваген скокна во првото тромесечје 28 отсто на годишно ниво, поткрепена од растот на приходите на основниот бренд кој продолжува да закрепнува по скандалот со мамењето на тестовите на емисиите на штетни гасови кај дизел возилата.

Оперативната добивка на Групата достигна 4,4 милијарди евра во кварталот до крајот на март, во однос на 3,4 милијарди во истиот минатогодишен период, објави во вторник Фолксваген.

Групата закрепнува од скандалот со тестовите, а лани успеа да ја претекне и јапонска Тојота на позицијата најголем светски производител на автомобили според продажбите, а аналитичарите сметаат дека пресвртот во брендот на Фолксваген ќе биде клучен за неговите понатамошни планови.

Во првото тромесечје оперативната добивка на Фолксваген брендот достигна 900 милиони евра, додека лани во истиот период изнесуваше 73 милиони.

Извор: денар.мк

GOLD
To Top