Новости

Автомобили

Audi со таинствена фотографија најави шест нови RS модели

Германскиот премиум гигант Audi, со таинствена фотографија ги најави новите RS модели.

До крајот на оваа година се очекуваат два потполно нови автомобили од оваа серија, а вкупно шест модели. Еден од нив ќе биде RS Q3 со 2,5-литарски турбобензинец со 400 коњски сили, со оглед на тоа што уште во 2017 година бил разгледуван RS7 Sportback, логично е да се очекува и овој модел.

Конкурентот Mercedes-AMG GT купе со четири врати, под хаубата би требало да добие 4,0-литарски V8 со 600 коњски сили, иако се шпекулира и за моќна хибридна верзија со 100 “коњи” повеќе.

Веќе некое време Audi го тестира RS6 Avant кој веројатно ќе има ист погон како гореспоменатиот RS7, а еден од главните новитети би требало да биде кросоверот RS Q8.

Меѓу новите RS модели ќе се најде и унапредениот RS4 Avant, со 2,9-литарски V6 твин-турбо агрегат со 444 коњски сили.

Дебито на новите модели на Audi се очекува да се случи на саемот за автомобили во Франкфурт во септември, кој по правило е клучен настан за германските произведувачи во текот на годината.

GOLD
To Top