Новости

Автомобили

Автомобил – да се има или не, да се дели со други или не!

Светскиот просек на користење на возилото е околу 2 часа дневно, а дури секое возило во светот во просек е паркирано 22 часа… Кога вака се посматраат работите, доаѓаме до заклучок дека навистина една милјарда возила во светот би можеле да се заменат за многу помалку кои би ја опслужувале потребата на корисниците кои сега поседуваат свое возило.

Ретко кој од нас прави точна пресметка колку чини едно возило и дали воопшто се исплаќа да се има свое возило…

Еве ќе направиме една точна пресметка за сопственик на Цитроен Ц3, генерално ова е евтино градско возило кое чини околу 11 000 евра. Ако земеме како претпоставка дека навистина тие пари за купување на возилото сте ги заштедиле и сте го платиле возилото во готово, и ако ја направиме оваа проекција за период од 6 години, со претпоставка дека во тој период ќе поминете околу 240 000 км, тогаш одржувањето во овластен сервис би Ве чинело околу 2500 евра за целиот тој период.

Во овој трошок не се калкулирани трошоците за Каско осигурување, регистрација и обавезно осигурување, како и замената на гуми.

Доколку сакате навистина да спиете мирно и да го осигурате возилото каско со минимална франшиза од 200 евра, тогаш трошокот за претходните ставки би Ви бил околу 500 евра и плус претходниот износ од 2500 евра доаѓаме до заклучок дека сте потрошиле 3000 евра за целокупниот период за одржување и користење на возилото без гориво.

Сега доаѓаме во периодот по 6 години кога треба тоа исто возило да го продадете и кога секако не можете да го продадете по истата цена по која сте го купиле, туку неговата вредност би била помеѓу 4000 – 5000 евра, што значи дека имате трошок од околу 6000 евра на амортизација на возилото.

Ако на овој износ од 6000 евра го додадеме износот од 3000 евра кој претходно го калкулиравме, тогаш доаѓаме до заклучок дека возилото во периодот од 6 години Ве чинело околу 9000 евра без горивото.

Ако овој износ го поделиме на 72 рати тогаш ќе дојдеме до заклучок дека 125 евра месечно бил трошокот за користење на возилото, повторувам без гориво.

Доколку ја користите платформата DriveDriveCar.com, можете тоа исто Ваше возило да го пријавите на платформата, да го дефинирате Вашиот профил, самите да си одлучите во кои денови сакате да го изнајмите, во кои денови не сакате да го изнајмувате, можете да бирате каква целна група може да го изнајми возилото, самите да одлучите за својата цена по ден, сами да си го дефинирате периодот за преземање и враќање … Можете некој член да блокирате воопшто да не може да го изнајмува Вашето возило … Едноставно имате целосна слобода да го прилагодите Вашиот профил на Вашите потреби.

Знам, многумина од оние паметните кои се знаат, и возат „канти“ стари по 20 години и држат предавања, едвај ќе чекаат да напишат коментар под текстот „Жена и кола не се дава на заем“ ама овој текст не е за нив, овој текст е за оние кои возат коли помлади од 10 години и за оние кои на квартално ниво имаат потреба да прочитаат барем една книга.

Ако треба предлог за книга, секако препорака ќе биде авторот Роберт Киосаки, и која било негова книга ….

Разликата помеѓу тоа дали некој ќе ја користи платформата drivedrivecar.com во Македонија или нема, е во тоа дали некој воопшто знае што е пасива или актива, или уште поважното дали некој ќе научи што е пасива и актива.

Секако, не радува фактот дека успеавме со нашите пријатели од СН брокер и од Евроинс да дефинираме профил на осигурување со помал ризик од која било рент а кар компанија, едноставно затоа што ги познаваме корисниците и нивните профили. Од друга страна, тие имаат личен интерес да бидат и добри возачи и пристојно да се однесуваат со сопствениците на возилата, а и сопствениците со корисниците, затоа што од нивната меѓусебна оценка зависи нивната генерална оценка која има влијание и на цената на осигурувањето и на депозитот и на самото изнајмување.

Најлошото што може да Ви се случи како корисник доколку не сте одговорен, педантен, немарен, е да бидете исклучени од платформата и да не можете повторно да бидете дел од оваа група каде сакаме да воспоставиме вредности на доверба и на почитување.

За оние кои немаат доверба во никој, имаат можност да ја уклучат опцијата ГПС и на нивна адреса ќе им стигне уред кои сами ќе го постават на возилото и ќе може да го следат своето возило.

Да, овде плаќањето е обезбедено уште на почетокот, така што корисникот мора да плати со неговата картичка и средствата се резервирани додека не го врати возилото. Доколку возилото се врати во правобитната состојба, тогаш се врши наплата и враќање на депозитот, а доколку има одредени оштетувања, тогаш низ одредена процедура се наплаќа дел од депозитот, а остатокот се враќа на корисникот.

Во секој случај, изнајмувањето на возилото од 10 дена на месечно ниво, може да ги покрие трошоците за амортизација за возилото за еден месец.

Кога ќе го користите возилото 20 дена бесплатно, тоа веќе претставува Ваша актива!

GOLD
To Top