Новости

Автомобили

Baojun E100 – електричен автомобил за поплитките џебови (фото)

Покрај релативно малата автономија во возењето, моментално најголема маана на електричните автомобили е нивната висока цена. Сепак, еден кинески производител, во соработката со американскиот General Motors, им понуди на купувачите мал градски автомобил на струја кој чини само 4,500 евра.

За разлика од лукузните електрични модели на компанијата Tesla, чија цена се движи од 35.000 па и преку 100.000 долари, Baojun E100 е значително поскромно возило.

Креиранао е во фабриката на американско-кинеската компанија SAIC-GM-Wuling, а концептот на овој електричен модел е инспирација од Smart ForTwo.

Автомобилот може да превезе два патника, а за погон корисни електромотор од 40КС и 110Нм.

Со помош на овој агрегат, Baojun E110 развива максимални 100 км/ч, а електричната енергија ја складира во литиум-јонските батерии чиј капацитет засега е непознат.

Сепак, познато е дека со полни батерии возилото може да прејде до 155 км. Кога целосно ќе се испразнат, потребни се 7,5 часа за нивно комплетно полнење.

Иако е со скромни карактеристики и димензии, Baojun E110 е опремен со систем за електронска дистрибуција на силата на сопирање (EBD), ABS, електричен серво уред на управувачот, систем за предупредување за појава на пешак на патот, електронска паркинг (рачна) сопирачка, паркинг сензори и ISOFIX систем за прицврстување на седиштето за деца.

Автомобилите веќе во стандардна верзија се испорачуваат со мултимедијален систем опремен со седуминчен екран (кој се наоѓа пред возачот наместо класичната инструмент табла) и Wi-Fi конекција.

Моделот од поскап пакет има и посебен touch-pad на централната конзола, како и безконтактно отклучување на вратите.

Baojun E110 во Кина се продава по цена од 35,800 јуани, што е приближно до 4.500 евра. За споредба, најевтиниот Smart ForTwo со електричен погон во Германија чини речиси 22.000 евра.

Извор: denar.mk

GOLD
To Top