Новости

Автомобили

BMW ветува – 700 km на електрична енергија до 2021-ва

„BMW“ претстави дел од својот план за следната година, а фокусот на баварскиот премиум производител се автономната технологија и електричните возила (EV).

Компанијата од Минхен најави 25 различни хибридни и „EV“ возила до 2025-та. Првиот следен нов „EV“ модел ќе биде целосно електричниот „iX3“ кросовер кој ќе се најде на пазарот до 2020-та.

До 2021-ва „BMW“ ветува технологија која ќе им овозможи на „EV“ возилата домет од 700 километри со едно полнење на батеријата. Исто така, најавува дека хибридните верзии само на електричен погон ќе мине само 100 km.

Најавено е и пристигнување и на претходно планираниот електричен „Mini“, како и продукциска верзија на концептот и на „Vision Dynamics“, кој претставува еволуција на концептот „Vision Next 100“ кој „BMW“ го направи во текот на одбележувањето на 100-годишнината од постоењето на баварскиот производител.

Познато е дека продукциската верзија ќе се нарекува „i4“, но „BMW“ не откри кога ќе се појави на пазарот. При преставувањето на концептот баварците ветуваа домет од 600 km, максимална брзина од 195 km/h и забрзување од 0 до 100 km/h за помалку од четири секунди.

„BMW“ најави поголеми вложувања во истражување и развој на новите технологии, вклучувајќи 700 милиони долари во автономни и „EV“ возила. Вкупните вложувања би можеле да надминат 7 милијарди евра.

Компанијата е свесна за ризикот кој може да влијае на профитот, но директорот за финансии Николас Петер истакнува дека „стратегијата е водена од желбата за долгогодишна профитабилност“.

Останува да видиме дали тоа ќе биде вреден ризик, особено што „BMW“ претходно како една од целите го истакнуваше симнувањето од тронот на најголемиот конкурент „Mercedes-Benz“ според продажбата на луксузни возила до 2020-та.

Извор: denar.mk

Евротип
SNBROKER
To Top