Новости

Автомобили

BMW повлече околу 140.000 возила од кинескиот пазар

Германскиот произведувач „Бе-ем-ве“ поради фабричка грешка повлече 139,450 автомобили од пазарот во Кина.

Канцеларијата за пазарна контрола и инспекција во Кина соопшти дека автомобилите биле повлечени поради неисправност на еден дел во внатрешната на климата.

Во соопштението се наведува дека повлечените модели биле произведени во 2005 и 2011 година.

Компанијата без надоместок ќе ја отстрани грешката на возилата на купувачите кои набавиле од моделите кај кои е утврден проблем со системот за ладење.

makfax.com.mk

Евротип
SNBROKER
To Top