Новости

Автомобили

BMW почнува да го наплаќа греењето на седиштата преку претплата

Некој би помислил дека ако купите автомобил со грејачи на седишта, всушност можете да ги користите тие греалки, но луѓето во BMW не мислат така. Имено, тие во неколку земји започнаа нов проект кој подразбира плаќање претплата за оваа услуга, која е достапна во Јужна Кореја, Обединетото Кралство, Германија, Нов Зеланд и Јужноафриканската Република.

Тоа значи дека оние кои ги купуваат своите автомобили со греачи за седишта ги добиваат сите потребни компоненти, но оваа услуга е блокирана со посебен софтвер. Кога плаќаат околу 18 долари месечно, ја добиваат целата функционалност, а има и опции за претплата за една година (180 долари), три години (300 долари) или неограничено (415 долари).

Многумина се разочарани од оваа одлука и го изразија своето незадоволство на социјалните мрежи, но тоа не ја спречува компанијата да продолжи со планот да наплатува разни услуги дури откако ќе се купи автомобилот. Со оглед на тоа дека BMW не е баш најевтиниот автомобилски бренд во светот, многумина сметаат дека ова е грубо и почеток на нова, не толку чудесна, ера на микротрансакции.

Евротип
SNBROKER
To Top