Новости

Автомобили

Honda прв пат во историјата затвора фабрика

Јапонската компанија Honda потврдила дека ќе ја затвори фабриката во британскиот град Свиндон до 2021 година, каде 3.500 работници ќе останат без работа.

Јапонскиот производител на автомобили соопштил дека оваа одлука ја донел откако “значајните и обемни” консултации покажале дека “не постои алтернатива која е изводлива и одржлива”, пишува Daily Star.

Во соопштението се наведува дека во консултациите учествувале повеќе организации и групи, меѓу другите и претставници на британската влада и надворешни консултанти кои ги ангажирал синдикатот Јунајт. Од Honda додале дека сега ќе почнат разговори со вработените за социјалната програма.

Фабриката во моментов произведува 150.000 автомобили годишно, а ова е прво затворање на една нејзина фабрика во 71-годишната историја на компанијата.

“Одлуката за затварање на фабриката е дел од пошироката глобална стратегија на Honda, како одговор на промените во автомобилската индустрија. Како што веќе било објавено во февруари, Honda го забрзала спроведувањето на плановите во врска со електричните автомобили, а како резултат на тоа, ресурси, капацитет и производствениот систем за електрифицирани возила ќе бидат концентрирани во региони со голема побарувачка на потрошувачите “, се наведува во соопштението.

Европското седиштето на Honda ќе остане во Велика Британија, но одлуката за затворање на фабриката, покрај 3.500 вработени, ќе бидат загрозени десетици илјади нови работни места, како во синџирот на снабдување, така и во други компании, кои ја опслужуваат фабриката, пишува Daily Star.

denar.mk

GOLD
To Top