Новости

Автомобили

Hyundai во Германија со 5.000 евра попуст при замена на стар дизел

Сопствениците на стар автомобил со дизел мотор со норма од Еуро 1 до Еуро 5 во Германија, при одјавување на возилото и купување ново возило од Hyundai, добиваат попуст во крајната цена на возилото, кој достига до 5.000 евра. 

Уште еднаш се потврдува веродостојноста на мудроста дека сиромавиот секогаш плаќа двапати. Возачките и возачите во Германија, кадешто месечната бруто плата надминува 3.500 евра, добиваат екстра попуст во висина до 5.000 евра при купување нов автомобил од Hyundai.

Попустот“ се состои во тоа што сите сопственици на стари возила со дизел мотор, со норма од Еуро 1 до Еуро 5, по одјавата на возилото и купување нов автомобил од Hyundai, добиваат попуст во крајната цена на возилото во висина до 5.000 евра, зависно од моделот. Оваа акција трае веќе извесно време на германскиот пазар, а сега и дополнително е продолжена до 31-ви март. Целта е подобрување на квалитетот на воздухот во германските градови – нешто за што нашите локални „експерти“ уште бараат одговор. 

Понудата важи за возила од сите марки и сите класи, со единствен услов возилото да е регистрирано на името на возачот најмалку шест месеци. 

Премиите почнуваат од 2.500 евра за малечкиот Hyundai i10. Трендовскиот СУВ-модел Kona и миниванот ix20 добиваат попуст од 3.000 евра. За купувачите на градскиот i20 и за градскиот СУВ-модел Tucson следат дури 4.000 евра, додека идните сопственици на компактниот i30 можат да се радуваат на премија во висина од 5.000 евра. Највисоката премија важи и за Ioniq со хибриден погон, како и за транспортерот H-1.

Попустите за Hyundai во рамките на акцијата „Green Deal“ во Германија

Hyundai i10 2.500 евра
Hyundai i20 4.000 евра
Hyundai i30 5.000 евра
Hyundai ix20 Space/Space+ 3.000 евра
Hyundai Kona 3.000 евра
Hyundai Tucson 4.000 евра
Hyundai Ioniq Hybrid 5.000 евра
Hyundai H-1 5.000 евра

Извор: Аутомедиа

GOLD
To Top