Новости

Автомобили

Porsche ќе биде новиот сопственик на Lamborghini

Porsche, Audi и Lamborghini би можеле да развијат нова платформа, која би ја користеле скоро сите спортски модели од VW групацијата.

Како што добро знаеме, Lamborghini е во сопствеништво на Volkswagen групацијата, а под контрола на Audi, кој е под истата капа. По најновите извештаи, овој однос наскоро би можел да се промени, а Lamborghini би можел да потпадне под контрола на Porsche, кој е исто така член на VW.

Попрецизно, Automobile Magazine тврди дека оваа промена во самиот германски автомобилски гигант официјално ќе се случи на 1 јануари следната година, бидејќи групацијата планира спортските модели на Lamborghini во иднина да ја користат основата на Porsche и Porsche да го раководи спортскиот дел на Lamborghini програмата.

За сега не е познато дали ова ќе има влијание врз наследниците на Huracan и Aventador, со обзир на тоа дека развојот на овие модели веќе е започнат. Наследникот на Aventador би требало да се појави на пазарот во текот на 2020 година, развојот е во подоцнежна фаза, па шансите за влијанието на Porsche се релативно мали.

Од друга страна, наследникот на Huracan се очекува три до четири години подоцна, па веројатноста за поголемо влијание на Porsche тука рапидно ќе расте.

Имено, Lamborghini веќе го започна развојот на наследникот на својот влезен модел, кој би требало да се базира на истата основна конструкција како и наследникот на Aventador, но наводно тоа не е доцна да се промени.

Споменатиот извор тврди дека Porsche, Audi и Lamborghini лесно би можеле да развијат нова алуминиумска модуларна платформа, која би ја користеле скоро сите спортски модели од VW групацијата, па така и наследникот на Huracan.

GOLD
To Top