Новости

Автомобили

“Tesla” ги изненади инвеститорите: Рекордни испораки

Компанијата Tesla ги изненади инвеститорите со својот тримесечен профит, кој придонесе за скок на акциите на тој американски производител на автомобили.

Извршниот директор на компанијата Илон Маск, исто така вети дека во 2020 година ќе биде претставен поевтин SUV и повеќе автономни технологии, за компанијата Tesla да ја задржи предноста пред поголемите ривали кои брзаат да влезат во премиум пазарот на електрични возила.

Откако беше објавено дека рекордните пратки и намалувањето на трошоците обезбедија профитабилен трет квартал, акциите на компанијата се зголемија за речиси 21 процент на 307,12 долари, надминувајќи го за прв пат од 1 март нивото од 300 долари, објави агенцијата Reuters.

Tesla објави дека во третиот квартал го зголеми готовинското салдо на 5,3 милијарди долари и пријави профит од 1,86 долари по акција, што е значително подобро во однос на очекувањата на аналитичарите, кои предвидуваа загуба од 42 центи за акција.

Приходите, паднаа за скоро осум проценти на 6,30 милијарди долари во кварталот заклучно со 30 септември.

Аналитичарите очекуваа приходи од 6,33 милијарди долари, според податоците на IBES кои ги објави Refinitiv.

Во периодот јуни-септември, компанијата испорача околу 97.000 возила на клиентите, што претставува нов рекорд за Tesla.

Соопштија и дека производството во Шангај, како и производството на „Model Y“ се одвива побрзо од планираното и дека би требало да биде лансиран до летото 2020 година.

Трошоците на компанијата, како што е објавено, се намалени за 16 проценти на годишно ниво, а Маск изјави дека оперативните трошоци во моментот се на најниско ниво од почетокот на производството на „Model 3“.

denar.mk

GOLD
To Top