Новости

Автомобили

Tesla Motors има пари за уште само десет месеци?

Извршниот директор на производителот на електрични автомобили Tesla Motors, Елон Маск, изјавил на неговите работници дека Tesla ќе остане без пари за десет месеци ако не се случат сериозни промени во смисла на намалување на трошоците.

Во email кој Маск го проследил до американските медиуми, се наведува дека мерките за намалување на трошоците во компанијата се неопходни, без разлика што Tesla оваа година заработила 2.7 милијарди долари. Маск и Зек Киркхорн, од неодамна директор за финансии во Tesla, ќе ги разгледаат сите трошоци, вклучувајќи плати, патни трошоци, наемнини, речиси секоја исплата што оди од сметка на компанијата, се наведува во e-mail-от.

Tesla го заврши првиот квартал од 2019 година со 2,2 милијарди долари. Сепак, компанијата изгубила 702 милиони долари, па Маск во април изјавил дека Tesla ќе мора на биде на “спартанска диета”. Компанијата потоа се извлече и ги зголеми приходите на 2,7 милијарди долари.

“Ова се големи пари, но ни дозволуваат само десет месеци за да не доживееме банкрот”, порачал Маск.

Ова не е првпат американскиот милијардер да најави финансискиот колапс на Tesla. Тој пред една година изјави дека компанијата ќе остане без пари, поради производство на фамозниот Модел 3. Иначе за тој автомобил се говорело, како за автомобил кој од корен треба да ја промени автомобилската индустрија.

Американскиот производител на автомобили и електрични мотори, неодамна најавил и дека ќе отпушти речиси 3.000 работници.

denar.mk

GOLD
To Top