Новости

Автомобили

Xiaomi влегува на пазарот на автомобили

Паметните телефони, компјутери, нараквици, скутери и сите други видови на паметни домашни производи, се уреди кои Xiaomi веќе ги произведува, а сега, после партнерството со производителот на автомобили Bestune, кинеската компанија презема храбар чекор и почнува со продажба на сопствен автомобил, SUV.

Xiaomi секогаш открива нови производи кои се во различни категории, па некако се очекуваше дека порано или подоцна ќе влезат и во светот на автомобилите. Компанијата го прави ова со помош на Bestune, со што ќе лансира SUV под сопствен бренд – Redmi, и се очекува дека тоа да биде најдобар електричен автомобил.

Ова е новата верзија на SUV Bestune T77, кој беше претставен минатата година на саемот на автомобили во Пекинг. По што ќе се разликува новиот модел, се уште не знаеме, но можеме да очекуваме дека ќе користитат MIUI интерфејс, како и свои апликации или виртуелен асистент Xiao AI. Со цел точно да знаеме на кој начин Xiaomi ќе го модифицира ова возило, ќе чекаме официјална презентација.

Bestune T77 е SUV со 143 KS и максимален вртежен момент од 204 Nm и 1,2-литарски турбо бензински мотор. Моменталниот Bestune T77 е достапен во шест верзии, со почетна цена од околу 13.000 долари. Не знаеме дали возилото ќе пристигне во Европа или Северна Америка, но во секој случај нема да дојде со таква конкурентна цена.

Со овој потег, покрај влегувањето на пазарот на автомобили, Xiaomi сака да го зголеми својот бренд Redmi, кој беше претставен како независна дивизија на почетокот на оваа година со лансирањето на Redmi Note 7.

denar.mk

GOLD
To Top