Новости

Автомобили

(ФОТО) Започна 27. Меѓународно мото-рели “Македонија – Независност” 2018

Годинава како и изминатите од осамостојувањето на Република Македонија по 27-ми пат Мотоциклистичката Федерација на Македонија ќе го организира релито “Македонија – Независност” 2018.

Ова мото-рели се организира традиционално по повод денот на независноста 8-ми Септември, и е настан на кој повеќе од 400 домашни и странски мотоциклисти, во периодот од 3 дена парадно ја заобиколуваат целата територија на Република Македонија. Официјален спонзор на годинешното Мото Рели е СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Трасата на релито е следната:

Почеток од 10 часот во Скопје  на Плоштад Македонија (07 Септември 2018 Година)

Ден 1: Скопје-Куманово-Кратово-Пробиштип-Виница-Берово-Струмица-Дојран

Ден2: Дојран-Гевгелија-Неготино-Кавадарци-Прилеп-Крушево-Демир Хисар-Битола-Охрид

Ден3: Охрид-Кичево-Стража-Тетово-Скопје

Финиш во Скопје Градски Парк 09 Септември 2018 Година

 

GOLD
To Top