Новости

Интервју

(Видео) Медисон Ристевски, средношколката од Австралија која на сите ни покажа како светот да го направиме подобар

Откако на училиште добиле задача да направат проект кој треба да го направи светот подобро место, средношколката Медисон Ристевски од Австралија која има македонско потекло решила да се фокусира на Средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола. За таа цел започна да собира пари за реновирање на тоалетите во училиштето преку „GoFundMe“ каде првично требаше да се соберат 32.000 долари, но помошта почна да стига од сите страни, па така посочената сума се достигна.

Затоа, целта е подигната на 40.000 долари, како што пишува, а се што ќе биде плус ќе биде наменето за детска организација во Битола.

Медисон е ќерка на Џим Ристевски кој во битолскиот регион е познат со години наназад како хуманитарец кој помогнал на многу места, а токму неговата ќерка доследно ги следи неговите стапки.

Медисон раскажува во описот на „GoFundMe“, дека неколку пати ја посетила Македонија и сфатила колку има среќа што живее во Австралија. Откако минатата година го посетила Медицинското училиште во Битола со цел да види каков е средношколскиот живот тука, на крајот на денот била вчудоневидена со што се соочуваат учениците. И токму оттаму произлегува нејзината иницијатива.

GOLD
To Top