Новости

Интервју

Гласајте за Лале Златановски да биде првиот Македонец – дел од Fjallraven поларната експедиција

Да му помогнеме на Благојче Златановски – Лале да го оствари својот сон и да биде првиот Македонец кој ќе биде дел од Fjallraven поларната експедиција. Поразговаравме со Лале за неговиот мотив за да биде дел од овој предизвик.

Шеталиште: Кажете ни нешто повеќе за себе, од каде потекнувате и каде живеете моментално.

Лале Златановски: Моите родители се од битолско, но јас сум роден и живеам во Шведска. Женет сум за швеѓанка Елин и имаме тројца синови Ханес, Елиас и Јулиус. Инаку сум ИТ специјалист. Слободното време го користи за лов, а заедно со семејството уживаме во патувањата на одредени атрактивни дестинации како што е Борнео, Етиопија и Танзанија и Фарските Острови. Наредното лето планирам да го поминам со семејството во Македонија, во битолско од каде потекнуваат моите родители што ќе биде шанса да го поминам летото со најблиските.

Шеталиште: За каков предизвик се работи и зошто се решивте на еден ваков предизвик?

Лале Златановски: Пред неколку денови гледав слики на Инстаграм и тогаш ја видов рекламата за Fjallraven- (познат бренд за облека во Шведска) за нивната поларна експедиција . Сакам нови предизвици и авантури, па решив да се обидам.Мислам дека досега ниту еден Македонец не бил дел од ваква експедиција. Ако стигнам на прво место на гласањето кое се одвива на интернет, ќе бидам првиот што ќе го постигне тоа. За 6 дена ќе поминам 300 километри на најсеверните точки на Шведска. Да се биде во Северна Шведска една недела и да се спие на отворено во шатори повлекува одреден ризик. Температурата може да достигне и до минус 30 степени. Она што е најважно на ваквите патувања е да се има соодветната опрема и секако кожата да биде заштитена од студ.

Шеталиште: Кажете ни нешто повеќе за гласањето, како да се гласа, на кој начин и што треба за да бидете избрани дел од поларната експедиција.

Лале Златановски: Гласањето е онлајн и потребно е да бидам прв за да бидам дел од оваа експедиција. Моментално сум на третото место но убеден сум дека со помошта од Македонците ќе успеам да бидам дел од оваа авантура која за мене е најголем предизвик досега. Гласањето завршува на 12 декември годинава и се надевам дека дотогаш ќе го имам потребниот број на гласови за победа. Потребно е е само 5 секунди за да се гласа, а за мене тоа е многу важно.

ГЛАСАЈТЕ ЗА ЛАЛЕ НА ЛИНКОТ ПОДОЛУ

https://polar.fjallraven.com/contestant/?id=4962&fbclid=IwAR1pyIAQyZb2zCm-pBrVg8CVOcBBqk7UKoael9-_7nc1O-2dkJg0kpdmghk

GOLD
To Top