Новости

Интервју

Интервју со Катерина Павлевска од Битола – во Клубот на најдобрите лидери на АВОН Македонија

Признанијата на мојот успех ја будат желбата за поголеми успеси, вели Катерина Павлевска, Лидер во АВОН. Разговаравме со неа за нејзината инспирација и мотивација кои ја водат низ работата и зошто Авон е компанијата која ја избра за да ја гради својата кариера. Катерина вели, Авон е компанија која го цени трудот и наградува.

Шеталиште: Зошто ја избравте Авон за компанија каде што ќе ја градите вашата кариера?

Катерина: Избрав да работам во компанија која постои 130 години. Компанија која е број 1 на светскиот пазар за директна продажба. Авон се залага за борба против рак на дојка, семејно насилство, за заштита на животна средина. Тука во Авон ја имам неограничената слобода на мојот успех.

Шеталиште: Кои се бенефитите од работата со Авон?

Катерина: Ова е работа во која сам си го организираш својот работен ден и немаш шеф. Висината на приходите зависи само од нас самите. Учествуваш на бизнис и гала конференциите на Авон и бесплатните лидерски обуки.

Шеталиште: Која е вашата мотивација и инспирација што ве води низ работата?

Катерина: Да бидам искрена, моја мотивација е заработката која зависи од мојот труд и влог во Авон. Признанијата на мојот успех ја будат желбата за поголеми успеси.

Шеталиште: Колку време сте во Авон, која е Вашата позиција и како се развивате со текот на времето професионално?

Катерина: Во Авон сум од 2014 година, моментално сум на позиција Сениор менаџер. Мојот развој се должи на почитување и работење на стандардите кои ги нуди Авон. Но тука придонесуваат и многубројните обуки од страна на Авон.

Шеталиште: Може ли да ни кажете дел од Вашите награди и патувања, кои секако се поттик за работата во Авон?

Катерина: Како што спомнав Авон е компанија која го цени трудот и наградува. На моето биро има награди и признанија од самиот почеток до сега. Награда која морам да ја истакнам е 4 тото место на ниво на Македонија и патување во Коста Дел Сол – Шпанија.

Шеталиште: Која е вашата порака за идните членови кои сакаат да градат кариера во Авон?

Катерина: Да ги искористат можностите кои ги нуди оваа компанија бидејки ги има многу. Да се работи во Авон е огромна чест и привилегија. Нудиме менаџерска работа од соништата, на нашите претставници им овозможуваме дополнителна заработка и подароци, а сите како клиенти уживаме во производи со проверен квалитет.

Шеталиште: Кои се вашите нови цели за достигнување и реализирање?

Катерина: Континуирана работа според мене е најдобриот пат кон успехот – нова титула Бизнис менаџер.

Комерцијален текст

 

 

GOLD
To Top