Новости

Интервју

Интервју со Ксенија Деспотоска: Љубител сум на мода, шминка и добра фотографија

Прилепчанката Ксенија Деспотоска блогерка и една од нашите омилени Инстаграм девојки. 

Таа важи за една урбана и позитивна девојка која го негува својот животен стил.

Деспотоска во денешното интервју ни откри нешто повеќе околу љубовта кон модата, make up, и фотографиите..

Ш: Како започна приказната со твојот блог и социјалните мрежи ?  

К.Д: – Приказната со мојата појава на социјалните мрежи започна спонтано. Уште од малечка од како памтам за себе сум ја сакала модата и фотографијата и тоа дефинитивно ми е наследено од мојата мајка, која секогаш ме средувала, облекувала и фотографирала, па тоа се пренесе и на мене и продолжив тоа да го правам. Потоа почнав да следам youtube и да се интересирам за шминка. Кога сите овие работи се вклопија настана мојот youtube канал и инстаграм профил. Навистина сум голем љубител на мода, шминка, добра фотографија и иако на почетокот сето ова го сметав како едно хоби, полека почна да ми прераснува во работа и навистина сум пресреќна поради тоа што можам да го работам она што го сакам и она во кое уживам додека го правам.

Ш: На што најмногу се фокусираш на својот блог и социјалните мрежи? 

К.Д: – На мојот инстаграм профил се фокусирам дефинитивно на мода, Lifestyle и понекогаш знае да залета и некое видео со шминка, но сепак модата ја ставам во прв план, а додека на youtube се фокусирам повеќе на шминката, затоа што мислам дека таму имам подобар простор за изразување и споделување искуства со моите следачи.

Ш: Како ти поминува денот приватно, без што не поминува твоето секојдневие? 

К.Д: – Денот секогаш ми започнува со шоља кафе и youtube. Секогаш гледам видеа додека го пијам кафето, а потоа секако тргнувам во исполнување на обврските што ги имам тој ден. Нешто што најмногу ме исполнува додека имам слободно време тоа е прошетка со моето куче, го исклучувам телефонот и тоа е време само за мене,тогаш се релаксирам и ја одмарам главата од социјалните мрежи, затоа што некогаш знае да биде напорно… А без што не поминува моето секојдневие, па дефинитивно без мобилен телефон и храна хаха.

Ш: Според тебе кои се клучните трендови во модата и make up? 

К.Д: – Мое мислење за трендовите е дека тие идат и си одат, но стилот треба да остане ист. Но дефинитивно е дека треба да ги следиме и да бидеме во чекор со нив за да бидеме и забележителни. Но, секогаш треба да оставаме свој печат и трендовите да ги приспособуваме кон нашиот стил, за да не се изгубиме. Моментално трендови кои мене најмногу ми се допаѓаат, тоа се оние “грди патики” кои може да се комбинираат буквално со се, потоа сако и пантоломи кои никогаш не излегуваат од тренд, само е во прашање варијација на тема. И дефинитивно еден од најголемите трендови оваа како и предходната зима се teddy bear капутите. А кога сме кај шминката се се сведува на минималистички изгледи, односно се повеќе се преферира оној no makeup – makeup изглед, а тоа е што посведена и што помалку шминка.

Ш: Која е твојата инспирација – омилени блогерки? 

К.Д: – Моја најголема инспирација и мотивација од како почнав па се до ден денеска дефинитивно тоа е Тамара Калинич. Блогерка од Србија која живее во Лондон и е една од најуспешните блогерки според мене. Таа и би требало да е мотивација на повеќето и сигурна сум дека и е! Од неа може да се научат многу работи. Освен неа можам да ги издвојам THEFASHIONFRACTION – Michaela Krusi, QUEENOFJETLAGS – Noor, CARODAUR, CAMILACOELHO и тн.

Ш: Најголемиот предизвик? 

К.Д: – Најголем предизвик за мене е да секој ден станувам се поуспешна, да вложувам во себе, да се трудам, да бидам упорна и да успеам во ова што сум го почнала да го правам. Да бидам спремна на сите препреки и сите ризици што ги нуди оваа работа. И еден ден да знам дека вредело сето ова!

Ш: Која е тајната на добрата фотографија? 

К.Д: Тајната на една добра фотографија е многу труд позади неа, особено кога сето тоа го правиш сам. Јас се правам сама па затоа ќе кажам не е воопшто лесно. Пред се за една фотографија да изгледа убаво ви треба многу време, време за шминка, фризура, комбинирање облека, потоа смислување на содржина на фотографијата, бирање на локација за сликање, па едно 100 фотографии од кои треба да се избере една и потоа следи едитирањето и на крај се споделува фотографијата. Еден долг процес, но сепак вреден за мене.

Ш: Кои се твоите идни планови? 

К.Д: – Еден од моите планови е завршување на факултетот, а потоа можеби и да почнам и со работата која пред оваа најмногу ја сакав, а тоа е дизајн на мебел и ентериер и потоа можеби и тоа да го вклопам во мојот youtube канал и да снимам видеа на таа тема.

GOLD
To Top