Новости

Интервју

Брз раст на битолските махери во областа на платформите за дигитален маркетинг WEBIART

Оваа година WEBIART компанијата, специјализирана во областа на платформите за дигитален маректинг слави 3 години.
Мал, но значаен роденден за една исклучително нова, млада и динамична комапнија во светот на ИТ индустријата.
Од првиот клиент, до редица успешно завршени и иновативни проекти во овие три години, зборуваат
многу за оваа комапнија.
Роденденот беше само повод да поразговараме со двајцата создавачи на оваа комапнија Стефан Јончевски и Стефан Талевски , а со нив е секогаш инспиративно да се разговара.

Која е WEBIART?

Webiart е компанија чија визија е овозможување квалитетна и иновативна услуга на компаниите, со што истите би се издвоиле од конкуренцијата на уникатен начин со употребување на различни методи и платформи на дигиталниот маркетинг.
Нашиот тим од млади и мотивирани личности, секојдневно се стреми кон создавање на креативни и едноставни решенија со кои дигитално се трансформираат компаниите.
Со нашето знаење и експертиза им помагаме на компаниите да создадат нова слика за нивните брендови да се издвојат на пазарот и да креираат позитивен впечаток кај потрошувачите.
Фокусот го ставаме на развивање и одржување на бројни решенија во областа на дигиталниот маркетинг, брендинг, веб-базирани софтвери и е-commerce.
Webiart е формирана пред 3 години.
Годинава го славиме третиот роденден и по тој повод, оваа година воведуваме голем број на новости во полето на иновативни платформи за дигитален начин на рекламирање.

Кои се предностите за бизнисите од дигиталниот маркетинг?

Ефективната комуникација со потрошувачите и постојаното присуство на социјалните мрежи се најважните предности за бизнисите со користење на алатките за дигитален маркетинг.
Со помош на социјалните мрежи, потрошувачите имаат можност за постување прашања и добивање на одговори во real time, со што брендовите градат одлична слика во нивните очи.
Исто така дигиталниот маркетинг им овозможува на компаниите да бидат лесно “пронајдени“ од страна на потрошувачите, бидејќи Интернетот е достапен секому денес.
Друга предност на дигиталниот маркетинг се ниските трошоци и ефективниот ROI кои го нудат каналите на промоција и рекламирање на Интернет. Кампањите се креираат според буџетот на компанијата, и се карактеризираат со флексибилност, бидејќи може да се променат во било кое време. Промените на кампањите може да бидат во однос на креативниот дел, буџетот, времетраењето, таргетирањето.
Фразата “Ако не сте на Интернет, тогаш не постоите“ е точна. Доколку немате Facebook – страна, Instagram Account, LinkedIn – страна исто како да не постоите воопшто во очите на потрошувачите. Со присуството на социјалните медиуми, компаниите го градат личниот бренд. Доколку потрошувачите се во потрага по некакви информации, тие сакаат да ги пронајдат лесно на Интернет и да создадат одредена слика за брендот кој ги нуди истите.
Ова е време на персонализирани пораки, така што дигиталниот маркетинг е секогаш во предност во таа област, бидејќи секоја содржина која се поставува на социјалните мрежи се персонализира во однос на потрошувачите и клиентите. Со помош на платените реклами на социјалните медиуми, како и на Google платформата постои можност за детално таргетирање со пол, возраст, локација, интереси, пребарувања итн.

Зошто клиентите Ве избираат Вас?

Клиентите не избират бидејќи овозможуваме брза, ефективна и услуга која обезбедува резулати.
Kако маркетинг агенција, ние ги слушаме желбите и целите на нашите клиенти и во таа насока изработуваме дизајн, објави, кампањи кои ќе овозможат најоптимални резултати.
Нашиот тим составен од млади луѓе кои се во тек со најновите трендови во дигиталниот маркетинг, секојдневно работат на усовршување на услугата која ја нудиме.
Најголемата цел ни е да ги претставиме компаниите во најдобро светло на дигиталниот пазар, како во земјата, така и надвор од истата.

Претходно споменавте некакви новости, на што е фокусирана Webiart моментално?

Моментално сме фокусирани на изработка и пласирање на иновативна платформа, односно софтвер за усовршување на дигиталниот начин на рекламирање. Тоа ќе биде сосем нова платформа која е во чекор со светските трендови за дигитален маркетинг за 2021 година. Повеќе детали ќе Ви откриеме наскоро, но очекувајте тотален пресврт во однос на начинот на мерење и ефективност на дигиталното рекламирање.
Освен изработката и развивањето на оваа нова иновативна платформа, се фокусиравме и на OOH рекламирањето. Врз основа на добиената концесија, Webiart го организира рекламирањето и брендирањето на автобуските постојки во Битола.
Оваа година се стремиме да ги споиме традиционалното и дигиталното рекламирање на уникатен начин со нови методи и нова платформа.

Каде се гледате за 5 години?

Континуирано вложуваме во експертизата и знаењето на нашиот тим, бидејќи само така можеме да растиме и да се развиваме како тим, а и како поединци.
Пронаоѓаме иновативни начини за да ги имплементираме светските трендови за дигитален маркетинг во нашата земја и работиме на развивањето на свеста за дигиталниот маркетинг да стане дел од функционирањето на секојдневието на компаниите.
Веруваме дека нашата компанија ќе овозможи дигитална трансформација на голем број на бизниси и дека сите заедно ќе ги постигнеме нашите цели. Успехот на клиентите е и наш успех.

GOLD
To Top