Новости

Интервју

„Единствениот дом во кој живееме, е нашето тело!“ – интервју со Марија Ѓурчиноска, фитнес инструктор

Марија Ѓурчиноска – девојка која не се плаши да ги следи своите соништа. Нејзината амбиција е примарен ривал на она нашето ,,не можам”. Нејзиниот животен стил, нејзиното искуство на работен план, нејзината упорност, доследност и амбициозност, веруваме дека би послужиле како пример на многумина од нас кои ете ,,туку така” би се откажале од оваа животна трка, без воопшто да се започне.

На кафе муабет со оваа успешна битолчанка, ни откри дел од нејзините размислувања, аспирации и желби, па еве што стои зад нејзиниот „профил“.

Шеталиште: Марија ти си фитнес инструктор и самата си сопственик на една од најпосетуваните женски фитнес центри. Кои беа твоите соништа и значи ли ова дека си ги исполнила твоите цели?

Марија: Моите соништа во моментов се моето јаве. Оние кои ме познаваат знаат дека голем дел од моите цели ги уживам во целост моментално. 2011 година започна моето сонување па се’ до 2016 година кога сонот, мојата цел се оствари. Имено, 2016 година започна со работа  „She ladies fitness“, приказна која од почетокот растеше и ден денес продолжува да расте, за во 2021 година  да биде препозната од се повеќе искрени и добронамерни клиентки кои постојано ни ја пружаат својата доверба, а ние продолжуваме мотивирано да постоиме за нив.

Но, сепак…Човек еволуира па така сонува и поставува цели додека е жив…Кога би се надоврзала на ова, не би рекла дека сум ги исполнила своите цели во целост, бидејќи во мојата глава се редат секојдневно нови соништа.

Шеталиште: Во последно, сите некако сме во трка со времето. Можеш ли да ни откриеш кој е твојот трик за да можеш да го постигнеш сето она кое си го замислила?

Марија: Сè…релативен термин, во секој случај , би го препишала тоа “Сè” на сопствената  упорноста, дисциплина и секако поддршката од најблиските, а посебно поддршката на мојот прекрасен тим кој е дел од моето секојдневно.

Шеталиште: Секој човек си одбира свој начин како да го живее животот. Кој е твојот стил на живот? Може ли тоа да се опише со само неколку зборови?

Марија: Брз, продуктивен, проактивен, исполнет до милисекунда.

Шеталиште: Следиш ли одредени правила?

Марија: Марија има 6 правила:

-Првото правило се однесува на сонот кој е можеби најважен. Тоа значи 8 часа сон во соодветно време од ноќта

– Резервирам барем 1 час дневно за себе

– Не излегувам од дома без утринско истегнување

– Го планирам секој оброк

-Тренирам 5-6 пати неделно

– Читам, истражувам и учам секојдневно

 

Шеталиште: .„Здравјето и фитнесот пред сè!“ е твоето мото! Кои совети можеш да им ги дадеш на нашите читатели во врска со ваквиот однос кон животот?

Марија: За мене целокупното, претставува висока свест, а тоа значи да се сакаш себе. Единствениот дом во кој живееме е нашето тело и доколку не се грижиме за себе (тело-дух- свест) домот ќе се урне. Затоа би рекла: „Направете си го животот поубав со тоа што ќе се грижите за вашиот „дом”. И исто така, би додала: „Како што го полните вашето тело (со храна), чистите (во бања), така треба и да го празнете (да вежбате и спортувате). Тој процес на енергетско полнење и празнење, спаѓа во топ 3 на ранг листата. Доколку вие не сте среќни и задоволни со себе, не можете да ширите среќа околу себе, па затоа бидете примерот кој што би сакале да ве мотивира.

Шеталиште: Според тебе, што значи една успешна изградена и задоволна жена?

Марија: Хармонична, среќна и топла личност, благодарна сум што во мојата околина најчесто сум опкружена со таква енергија.

Шеталиште: Колку е лесно да се успее во нашата земја?

Марија: Во врска со успехот, јас би рекла дека нема дефиницијата за успех. Не постои “место” за успех, постои желба, порив и жар.

Шеталиште: За крај, ќе ни споделиш ли дел од твоите т.н. омилени мотивациски мантри?

Марија:

Истражувајте! Само така ќе ја пронајдете целта на вашето постоење, а откако ќе ја пронајдете, секој ден ќе ви биде среќен ден!

Никогаш ама никогаш не откажувајте се, не се знае што не чека зад аголот!

Бидете примерот кој што сакате да го постигнете!

Во секој минус има плус, гледајте го светот со розови очила!

Не поминувајте ниту еден ден без да направите нешто подобро за вас и вашата околината!

 

GOLD
To Top