Новости

Интервју

Интервју со Марија Николоска: Инвестирај во своето тело и здравјето ќе ти биде благодарно во иднина

Во услови на Ковид – 19 во целиот свет, каде што сите ние живееме во страв дека би се инфицирале и како би го пребродиле. Едно е сигурно дека секој кој практикува здрав начин на живот, има подобар имунитет и многу полесно ќе го преброди корона вирусот како и обичните настинки или некои други болести.. За добар имунитет сите знаеме дека ни е потребна редовна физичка активност и квалитетен режим на исхрана.

Разговаравме со прилепчанката Марија Николоска која повеќе години се занимава како професионален персонален тренер која им помага на своите клиенти да ги достигнат своите посакувани цели, со режим на исхрана и редовни тренинзи.

Ш: Како започна твојата кариера како професионален персонален тренер?

М.Н: Својата кариера ја започнав во текот на студирањето на Факултетот за Физичка култура спорт и здравје во 2015 година. Ме понесе желбата за нови знаења, сето она кое го учев сакав да го проучам во пракса. Работев во теретана во Скопје( Project Fit Еlite) која сеуште одлично работи под водство на познатиот боди билдер и дипломиран професор по физичко  и здравствено образование Мирко Петровки, веќе познат на македонската јавност.

Ш: Што е она што те мотивира?

М.Н: Ме мотивира продуктот кој го дава вежбањето и здравата исхрана, а тоа е здравјето, виталноста и се она што следи кај секој кој е спортист, среќата која ја подарува секој завршен тренинг. Јас се водам под мотото инвестирај во своето тело и здравјето ќе ти биде благодарно во иднина.

Ш: Која е разликата да се има професионален персонален тренер или да се спортува самостојно?

М.Н: Предноста во ангажирањето на стручно лице кое ќе си грижи за вас за време на тренингот е во тоа што изгледот и здравјето ќе го препуштите во негови раце и тоа лице ви го организира тренингот за личните потреби на секој поединец и според посакуваните резултати во салата ќе добиете и соодветна исхрана. Да се спортува самостојно без ни малку познавање е буквално губење на време, кога веќе го имате препорачувам продуктивно да го искористите советот на стручното лице.

Ш: Кој повеќе ве ангажира, мажите или жените?

М.Н: Дефинитвно жените се оние кои повеќе внинамаваат на себе, својот изглед и здравјето, но и машката популација е присутна.

Ш: Колку е важна исхраната во креирањето на режимот на клиентот?

М.Н: Најлесниот дел е да дојдете во сала и да извежбате, потешкиот дел е секако во кујната. Тренингот и режимот за исхрана одат взаемно без режим на исхрана невозможно е да се постигнат посакуваните резултати. 30% е тренинг – 70% е исхрана.

Ш: Cheat day – страшно или не?
М.Н: Секој сака да биде награден…CHEAT DAY лично јас го сметам како награда за постигнатиот успех, па и не е фер да не уживаме барем еднаш неделно во омилената храна без разлика дали е колач, чоколада итн.

Ш: Каков совет би им дала на сите оние кои сакаат да започнат да го подобруваат нивниот начин на живот? 

М.Н: Да не чекаат да дојде понеделник, први во месецот да се мотивираат себеси и да започнат веднаш.. Кога зборуваме за промени секогаш ќе кажам ако некогаш сакаш нешто да промениш започни од себеси, своите навики, цели…Издвои се од толпата и биди уникатен покажи дека можеш и знаеш како да си покажеш на себе дека си најдобрата верзија од себеси..

Ш: Во време на карантини како и дали се одржуваат online тренинзи?

М.Н: За време на карантин работата се одвива online, сега за сега сме во сала да се надеваме дека сите ке придонесеме за ова да остане така од сите нас зависи.

Ш:  Дали е тешко да се биде фит и да се одржува својата форма?

М.Н: Воопшто не е тешко, кога се има огромна желба и доволно сте мотивирани нема граници. Со редовни тренинзи секој ден сте се подобра верзија од себеси и тоа ве води до недоглед..

Ш: Како можат да те најдат сите оние кои сакаат да го подобрат своето здравје?

М.Н: Сите оние кои сакаат да започнат со вежбање и да го подобрат своето здравје можат да ме исконтактираат на мојот број 075-650-360, на социјалната мрежа Фејсбук на следниот ЛИНК  и Инстаграмм на следниот ЛИНК Исто така најголем дел од времето го поминувам во Фитнес центар Арена каде се почитуваат сите протоколи за заштита од корона вирусот и сме заедно со моите вежбачи и ќе можат лично да се информираат и да го запознаат светот на вежбачите.

Ш: За крај што ќе им препорачаш на нашите читатели?

М.Н: Чувајте се и грижете се за вашето здравје во ова време невреме и почитувајте ги препораките на владата, вежбајте (кој колку што има време и можности не мора тоа да е теретана, испешачете, возете велосипед, џогирајте) и најбитно јадете здрава храна полна со витамини и протеини билдајте го својот имунитет и избегнувајте го шеќерот.

GOLD
To Top