Новости

Интервју

Интервју со М-р Божидар Новевски – советник за внатрешна контрола во СН Осигурителен Брокер АД Битола

Денес накусо поразговаравме со М-р Божидар Новевски советник за внатрешна котрола во СН Осигурителен Брокер АД Битола..

Што претствавува внатрешна контрола ?

Б.Н: Внатрешната контрола е круцијален дел од секој правен субјект. Клучот на успехот на секој ентитет се состои во контрола на целокупното работење вклучувајќи ги најмалите детали од функционирањето на деловниот субјект. Преку систематско следење на целокупните процеси во компанијата, внатрешната контрола овозможува стабилност и сигурност кон остварувањето на поставените цели во современи услови испреплетени со големи економски флуктуации, особено во пандемиски ситуации кои се дел од нашето секојдневие.

Кое е значењето на внатрешната контрола ?

Б.Н: Внатрешната котрола опфаќа следење на финансиското работење, квалитетот, точноста на целосната финансиска документација со која располага правниот субјект кон остварување на зацртаните цели на компанијата. Воедно оваа функција претставува коректор на настанатите пропусти во определен сегмент од целокупното работење на компанијата и консултант за нивно подобрување. Навремено детектирање на отстапувањата во определена област од работењето и нивно корегирање овозможува минимизирање на ризикот кој подоцна би можел да ескалира во поголеми размери кои ќе бидат од суштинско значење за опстанокот и развојот на деловниот субјект

Функцијата и значењето на внатрешниот контролор за компанијата?

Б.Н: Внатрешниот контролор преку механизми за внатрешна контрола врши секојдневно следење на работењето и навремено корегирање на недостатоците или грешките овозможувајќи трајна заштита на деловниот субјект. Информациите добиени од извршената котрола ја пресликуваат моменталната ситуација, отстапките од плановите и идните перцепции кои ќе овозможат користење на низа алатки од страна на менаџментот за остварување на зацртаните цели.

Со ваквиот пристап на внатрешна контрола загарантирана е стабилноста, просперитетот и идниот раст на компанијата во овие турбуленти, новонастанати услови на светскиот пазар.

GOLD
To Top