Новости

Интервју

Интервју со м-р Христо Кондовски – СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР Е ПРИМЕР ЗА ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА

Одлуките и активностите на една компанија во голема мера влијаат врз општеството и заедницата. Токму таа општествена одговорност ја прави разликата меѓу компаниите. СН Осигурителен Брокер АД Битола е компанија, која особено во последниот период повеќе пати ја покажа и докажа одговорноста кон општеството во сите структури. За општествената одговорност на СН Осигурителен Брокер, разговаравме со извршниот директор, м-р Христо Кондовски.

СН Осигурителен Брокер АД Битола е компанија, која последниот период повеќе пати ја покажа и докажа општествената одговорност во Битола, но и регионот во сите општествени структури. Колку повратната реакција на она што го правите ви дава поттик да продолжите со уште посилно темпо?

Христо Кондовски: Општествената одговорност претставува важен дел од нашата корпоративна стратегија. СН Осигурителен брокер презема голем број чекори кон подобрување на општествените услови на живеење, подобрување на животот во градот, препознавајќи ги потребите и желбите на нашите граѓани и излегувајќи им во пресрет особено на младата популација, но и на оние на кои најмногу им е потребна помош. Општествената одговорност на една компанија го носи токму тоа – како што растеме нагоре, толку повеќе можеме да влијаеме врз подобрување врз општеството. СН Осигурителен брокер АД Битола е лидер на пазарот со осигурителен бизнис, но покрај извонредните деловни успеси кои ги имаме, ние сме познати и како донатори во културата, спортот, здравството, во повеќе институции, организации, но и поединци. Кога знаеме дека она што го правиме ја издигнува заедницата на повисоко ниво, мотивот да продолжиме со уште позасилено темпо е неизбежен.

Она што е значајно, а на што Вие како компанија се фокусирате интензивно, се студентите. Последните награди за најдобрите истражувачки есеи и трудови од областа на осигурувањето го покажуваат тоа. Не само што додели награди, СН Осигурителен Брокер потпиша и договор за стипендирање на тројца студенти од УКЛО на насоката осигурување на ФТУ. Колку тоа е мотив овие млади луѓе да се поттикнат токму осигурувањето да биде нивната иднина и колку е битно да се инвестира во нив?

Христо Кондовски: Соработката со УКЛО ни е одлична и од она што досега сме го направиле, ни покажува дека сме на вистинскиот пат. Студентите се наша иднина, академски граѓани кои се столб на нашето општество и инвестирањето токму во нив, во научната мисла, за нас е од големо значење. Како компанија лидер во областа на осигурувањето, нам ни е битно во иднина да имаме квалитетни, храбри и мотивирани кадри кои веднаш после завршувањето на факултетот ќе бидат подготвени веднаш да започнат да работат во осигурувањето, но и да воведат новини во самата работа со нивното доусовршување. Токму овој конкурс кој го распишавме заедно со ФТУ и насоката осигурување, покажа дека потенцијалот е тука, а нашата задача, како општествено одговорна компанија е тоа да го поттикнеме со инвестирање. Она што се добива за возврат е од големо значење, не само за нас како компанија, туку за цело општество.

Покрај студентите, Вие имавте голем удел преку донациите во она што сега е актуелно во државата – вакцинацијата. Токму СН Осигурителен Брокер беше една од компаниите кои во најтешките моменти за државата, покажа што значи општествената одговорност. Помогнавте во опремувањето на неколку вакцинални пунктови, меѓу кој и оној во Битола, а беа доделени и ваучери за здравствените работници. Која е пораката која се испраќа?

Христо Кондовски: Токму така се покажува општествената одговорност, тоа е нашето БЛАГОДАРАМ на сите оние кои се на првата линија на фронтот повеќе од една година. Но, тоа е и порака до нашите граѓани, дека ние сме тука да помогнеме онаму каде што најмногу треба. Ковид пандемијата ни покажа колкава е нашата улога во општеството, кога во најтешките моменти, во најтешката борба, треба да се излезе во пресрет и да се помогне, не само кај оние кои бараат помош, туку и ние треба да погледнеме убаво под површината на она што се случува и да препознаеме каде може да помогнеме. И токму тоа го правиме.

Колку овие активности придонесуваат за одржливиот развој на компанијата, во подобрување на своите перформанси на сите нивоа? Планирате ли уште вакви слични активности како дел од Вашата општествена одговорност?

Христо Кондовски: Сме донирале и ќе продолжиме да донираме. Нашата мисија е најслабата алка да ја направиме посилна. А со тоа што ја покажуваме нашата одговорност кон заедницата, клиентите тоа го препознаваат и во нас гледаат стабилна компанија која се грижи за сите.

GOLD
To Top