Новости

Интервју

Од мала идеја до сопствен бизнис – младата битолчанка Христина и нејзиниот новоотворен салон за нега и убавина „Нокс”

Христина Христова од Битола има 23 години и е студент на приватниот факултет ФОН во Скопје, на одделот дизајн и мода. Неа воедно и се врачени неколку дипломи и признанија за успешно завршените курсеви за депилирање и шеќерна депилација, маникир и педикир, гел база, трајна шминка и стручно цртање на веѓи, односно brow lamination. Нејзината мала идеја прерасна во реален бизнис кој дополнително ќе се развива. „Нокс“ е името на новиот салон за нега и убавина и се наоѓа на Леринска 43 Битола. За целиот напор до самата реализација дознавме повеќе информации од денешното интервју направено со битолчанката Христина Христова за Шеталиште.

Шеталиште: Христина, патот до целта во многу случаеви е исполнет со трнливи предизвици кои не прават секако посилни и поупорни. Кажи ни накратко за твојата амбиција кон убавината и негата? Од каде се роди љубовта кон тоа што го правиш денес?
Христина: Најголема улога ja имаше мојата баба која секојдневно се трудеше уште од мали нозе да ме научи како треба една девојка/жена да се негува и изгледа. Но секако за да научиш е потребна голема желба и љубов, a покрај нив амбицијата си доаѓа сама.


Шеталиште: За твојата возраст, ,,Нокс” е навистина голем предизвик. Колку време ти беше потребно да се одлучиш на ваков чекор и како се одвиваа настаните што се однесува до реализацијата на самиот бизнис план?
Христина: За да се одлучам на овој чекор секако дека размислував долго време. Како што кажавте патот до успехот е исполнет со трнливи предизвици и препреки, но само со упорност ќе постигнете и ќе реализирате се што ќе посакате!

Шеталиште: Колку труд е потребно да се отвори бизнис уште од мали нозе и кој се ти помогна во целата процедура?
Христина: Од сон до реализацијата на истиот е потребен голем труд и голема посветеност, а итовремено многу желба и љубов. Секако дека имав голема поддршка како од моето семејство така и од моите пријатели на кои им сум многу благодарна. Сепак морам да ги издвојам моите родители..Мојата мајка, за беспрекорните идеи и мојот татко, кој неуморно работеше на целокупниот изглед на моето студио.


Шеталиште: Зборувај ни за твоето искуство. Кои се курсеви си ги посетила, колку долго си се подготвувала и си се тренирала себеси и кои се твоите најголеми достигнувања во овој оддел?
Христина: Сум посетила повеќе курсеви и обуки, нормално целам кон надоградување на истите и посетување на нови. Се подготвувам повеќе време, но за мојот тренинг и обучување се заслужни Академија Клариса и целиот тим на Центарот за убавина „Виола Бјути Центар” на кои им се заблагодарувам од срце.


Шеталиште: Прифаќето на ризикот и соочувањето со секој еден малечок детал до реализацијата зборуваат за храброста на човекот. Со која порака би ги инспирирала младите на ваков чекор и кои се придобивките од истиот?
Христина: Во животот потребен е мал ризик за да ја постигнете посакуваната цел. Немојте никогаш да дозволите стравот од неуспехот да биде пречка во остварување на вашите соништа. Придобивките од започнување на сопствен бизнис за мене лично се огромни, научив многу животни лекции кои секако ќе ми користат и понатаму.

Разговараше: Сара Трајчевска

Евротип
SNBROKER
To Top