Новости

Здрава исхрана

Половина Македонци имаат хронични болести, здравата исхрана може да ги спречи, вели фитнес тренерот Филип Стојчевски

Сите знаеме колку е значаен здравиот начин на живот и исхраната што секојднево ја внесуваме во нашиот организам. Телото се негува со неуморно вежбање, додека самата функција на мозокот, здравиот дух и свежината на лицето се негуваат со правилна исхрана. Имавме прилика да го издвоиме фитнес тренерот Филип Стојчевски, кој потекнува од Битола и има 24 години, да ни пренесе дел од неговото искуство, како во одделот на фитнес вежбите, така и во одделот на нутризионизмот. Филип е студент на Технолошко-техничкиот факултет, во отсекот за нутриционизам, а со вежбање започнал да се занимава уште пред седум години.

,,Започнав со Calisthenics и вежбав со сопствена тежина (на вратила). Продолжив со вежбање во фитнес сала, односно теретана, а во меѓувреме работев напорно и на начинот на кој се исхранувам и на она што секојдневно го внесувам во мојот организам” – изјави Филип Стојчевски за Шеталиште.

Стојчевски во 2019 година во Македонија беше добитник на третото место во Bodybuilding. Освен оваа награда, Филип, поседува и сертификат за персонален фитнес тренер од FitBiz Academy – Скопје, од IBFF федерација.

,,Љубовта кон исхраната започна со самото вежбање. Сакав да го истражувам процесот на обработка на храната која ја внесуваме како единки и како истата делува на секојдневниот живот и на активностите кои се неизбежни. Факултетот за нутризионизам ми звучеше атрактивно и можам слободно да кажам дека пред четири години сум го направил правилниот избор” – додаде Филип Стојчевски.
Моментално Филип се подготвува и напорно тренира за натпреварувањето во Natural Bodybuilding низ Европа, со една и единствена цел, а тоа се квалификациите во Natural Mr.Olympia во Америка. Неговата напорна работа, неговите совети и неговиот долгогодишен труд се достапни на неговата сопствена веб страна ,,Nutriabs”, која ја направил со цел да пренесува точни инфомации за јавноста и да им помогне на младите да ги избегнат многуте дезинформации во оваа област.

,,Животот како млад човек може да биде брз, бесен и забавен. За да растете и да бидете здрави, треба да бидете активни и да ја јадете „вистинската” храна богата со витамини, минерали, протеини, јаглехидрати и здрави масти. Здравата исхрана има многу придобивки за сите возрасни групи и воедно може да ви ја стабилизира енергија, да го зајакне имунитетот, ги чува вашите заби, очи и кожа здрави. Исто така помага во одржување на здравата тежина како и во спречување на состојбите на менталното здравје. Плус, здравата исхрана и фокусирањето на здрав начин на живот се едни од наједноставните и најважните начини да се спречи појавата на болеста. Здравата исхрана може да помогне да се спречат многу хронични болести и тоа, дебелина, срцеви заболувања, висок крвен притисок и дијабетес тип 2. Околу половина од сите Македонци имаат една или повеќе од овие болести. Младата популација би сакал да ја мотивирам со силната порака на Ралф Валдо Емерсон ‘The first wealth is health’“ – рече Стојчевски.

Сара Трајчевска

Евротип
SNBROKER
To Top