Новости

Интервју

СН финансиско друштво – секогаш за спортот

За спонзорирање во спортот на глобално ниво се трошат 62,8 милјарди USD, а таа цифра постојано расте. Во светот добро се анализира вредноста на спонзорирањето на спортот, но кај нас ретки се примерите на компании кои целно дел од своите буџети ги насочуваат кон спорт. Една од нив е СН финанасико друштво кое изминатата 2020, а и оваа 2021 година, кои се многу специфични заради епидемијата, одлучи да продолжи со поддршка на спортот, иако сите настани се без публика.

Разговаравме со Никола Јошевски – Генерален менаџер на СН финанаско друштво на оваа тема.

Зошто кај нас малку фирми се охрабруваат целно да инвестираат буџет за рекламирање во спортот?

Реално, кај нас малку се знае за маркетинг алатките кои треба една компанија да ги користи во спонзорирање на спорт. Најчесто тоа се прави заради некои лични релации или заради помош на клубовите и поединците кои се занимаваат со спорт.
Оние поупатени менаџери кои прагматично размислуваат, низ годините беа убедени дека ваквиот начин на спонзорирање е тешко да се измери заради сложените варијабили кои се вклучени во таа нивна интеракција. Тоа е комплексна работа, вклучува рекламирање и промоција на спортистите, економски услови и квалитет и обем на рекламирање. Кај нас спортските клубови, пак ретко имаат маректинг експерти кои ќе дадат одговори на сите ваши дилеми зошто дел од буџетот треба да се инвестира токму во спортот и во кој спорт. И така, тоа беше некој недоречен круг.
Нашата компанија од самото формирање има тим кој работи на маркетинг стратегии и води кампањи до детал, со соодветна аналитика која само го потврди мојот став дека секој денар инвестиран во спортот се враќа. И како инвестиција во бизнисот, но и како поддршка толку многу важна за македонските клубови и спортисти, низ призмата на општествена одговорност.
Овде сакам да нагласам и нешто што е многу значајно, а кај нас не е се проучува толку, а тоа е врската помеѓу промотивните активности и резултатот кој се појавува во зголемената свест при продажба, односно успех на бизнисот.
За да се види вистинското влијание на вложените средства во маркетинг во спорт бара подолга “изложеност” – на пример долгорочно партнерство со еден спорт или со еден тим. Ете тука ние поентираме како компанија, ние сме со избраните тимови, спортски настани и спортисти долго и во континуитет, не скокаме од тим на тим и не секогаш не разочаруваат резултатите. Ние сме нивна поддршка и кога победуваат и кога губат. Психологијата на меркетингот тврди дека таа поврзаност трајна со брендови и должина на огласување е секогаш успешен начин на спонзорирање.

Кои се тие тимови, спортисти или настани кои се Ваши миленици?

Низ годините, затоа што СН финансиско друштво својата централа ја има во Битола, дефинитивно се одлучи својата поддршка да ја даде на локален спорт по кој Битола е препознатлива. Битола е вистински спортски град. Живее за спортот и верува во спортот. Тука ќе ги споменам ФК Пелистер, РК Еурофарм Пелистер, Кугларскиот клуб Битола 1982, ја поддржуваме планинарката Ана Котевска која освојува планински врвови дома и по светот, стоиме како еден од најголемите спонзори на најмасовниот спортски настан во Битола ТРЧАЈ БЕ трката. Неодамна, во наше друштво на спонзорирани спортисти го ставивме и еден од најдобрите мото-крос возачи во историјата, Христијан Илиоски, кој се врати на натпреварувањата по тригодишна пауза. На трката во Скопје, пред неколку денови, Илиоски победи со време 24:04.80 минути, потврдувајќи дека брзината и мото-кросот му се крвта.

Како се рекламирате преку спортот?

Плаќаме рекламен простор на дресовите на нашите тимови кои ги спонзорираме, билборди на стадионите и спортските сали…битно ни е да сме присутни и видливи. Нив им помагаме да имаат средства за да се натпреваруваат, а ние добиваме визибилност. Спортот е одлична платформа за јакнење на брендот. Со добри резултати, македонскиот спорт може да биде еден од најдобрите производи кои држвата го има, има тимови кои ве носат во Европа, има спортисти во индивидуални спортови кои ве носат во светот, а има и настани на кои градите имиџ на комапнија која е тука за поддршка, зошто препознава добри настани. Иако компаниите не зборуваат за тоа колку вложуваат во спортот, а маркетиншкиот ефект е изразито видлив.

 

Колкаво значење има спортот за Вашата компанија?

Спортско спонзорство, со факти го зголемува моралот на вработените. Има цели студии по ова прашање. Експертите создале индекси на покровителска моќ, преку кои се следат спонзорските цели како што е продажбата и свеста за брендот. Исто така, вработените сакаат да припаѓаат на компании кои почитуваат спорт, помагаат спорт, но и поттикнуваат спортски дух во тимската работа. Овде дефинитивно сакам да потенцирам дека многу е важно да имате тим во комапнијата кој спортски размислува. Таквиот тим ја носи компанијата во победа. Еве неколку примери:
Кога ќе си кажете себеси, уморен сум, а вусшност продолжувате да трчате и тренирате.
Тогаш победувате.
Кога наутро се будите и би останале подолго в кревет, но одлучувате да ја направите утринската спортска рутина.
И тогаш победувате.
Упорноста, доследноста и дисциплината се пат по кој се остварува секоја цел, на спортски терен, во компанијата која ја водите, во животот.
Мозокот е како и секој друг мускул во телото, редовен тренинг и со ментална работа води до врвни резултати.

Вие сте активен човек и го сакате спортот. Како балансирате со времето заради бројните деловни обврски?

Времето е единствениот ресурс кој никогаш го немаме доволно, а постојано се троши. Можеби ќе звучи како клише, но со добра организација и поставување на приоритети, може да се постигне сé.
Клучниот трик е во тоа да се биде флексибилен.
Ми се чини дека многумина се држат до однапред дефинирани распореди, често во нереални временски рамки и тогаш кога ќе разберат дека она што го планирале е неизводливо, се откажуваат. За жал, рекреацијата, односно спортот е првата ставка на која се откажуваат.
И ако се откажеш, еднаш, два пати, три пати…тешко ја враќаш динамиката. Наместо тоа добро е да кажеме ОК, во хаос со слободно време сум, оваа недела имам други приоритети и немам врме за три тренинзи, но еден можам, можам и пешки да ги качувам скалите, можам и кратка некоја прошетка за компензација…сето тоа се важи.

Дајте ни совет, како да се баланисира приватното и службеното?

Во животот сé е баланс. За да може да остварувате најдобри резултати мора да знаете и кога е време за одмор. Тука менаџерите имаат важна улога, затоа што она што вашиот вработен одлучи да го направи со таа равнотежа, не е изводливо доколку ја нема поддршката од компанијата.
Нашата комапнија е позната и по своите специјално проектирани деловни простории, каде што прилично голема квадратура е специјално дизајнирана за спорт и рекреација на нашите вработени. Имаме свој фитнес центар, маси за пинг понг и фудбал на маса. Тие можат да најдат време во своето работно време и малку да се исклучат од обврските.
Тоа ми беше една од основните вредности кои сакав да ги имплементирам во СН финансиско друштво, создавање на деловно опкружување кое го почитува и приватниот живот на вработениот, но и мисли на неговото здравје и рекреација додека е на своето работно место. И моето семејство е вклучено во спортски активности и тоа многу ми значи.
Така добиваат двете страни, моите вработени имаат доволно време за нивните семејства, пријатели и уживаат во активностите кои ги прават среќни, а на работа доаѓаат мотивирани, зошто ова е средина која поттикнува и успех и добросостојба на својот тим.

 

GOLD
To Top